Играта по која „побудалеа“ корисниците на iOS, Temple Run 2 од студиото Imangi, веќе може да ја игратe и на Android. Temple Run 2 за iOS беше преземена над 20 милиони пати во првиот викенд, а во првите 12 часа играта стана најпопуларна бесплатна апликација.
Играта е едноставна, откако сте го украле проколнатата статуетка (малку наликува на авантурите на Индијана Џонс) треба да му избегате на мајмунот кој ве брка. На располагање ви се различни потези од лизгање по јаже до неизбежното скокање и се тоа со повлекување на прстите преку екранот.
Играта е поддржана на Android 2.1 и поновите верзии. а ко-основачот на Imangi, Кит Шепард обелодени дека во првите четири дена на iOS играта е играна 210 милиони пати и вкупно време од 1.775 години. Засега играта е прземена 1,2 милиони пати од Google Play и има просечна оцена од корисниците од 4,6. Играта за iOS е достапна тука, а Android верзијата може да ја преземете тука.
Read more: http://prilep-gaming.webnode.com/news/temple-run-2-sjega-pristigna-i-na-android/